Со вашето учество станувате дел од една убава и хумана приказна – заедно трчаме со цел да помогнеме и да донесеме насмевка кај малата Ева. Секој чекор што ќе го направите е чекор поблиску до надеж, поддршка и подобра иднина за неа.
Ве покануваме да се пријавите и да бидете дел од оваа иницијатива, каде што спортот и хуманоста се спојуваат во едно. Заедно можеме да направиме голема разлика! 💖
Сите средства од котизациите за учество ќе бидат целосно донирани за нејзиното лекување.
Со вашето учество давате директен придонес и поддршка во нејзината борба за оздравување. Да покажеме повторно заедништво, хуманост и надеж.