Нашето училиште освои трето место на националниот натпревар „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“.Наградениот проект беше оценет меѓу најдобрите пристигнати трудови од стручните училишта низ државата.
Според резултатите од евалуацијата, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид го освои третото место, под менторство на професорката Катерина Симјаноска.Ова признание е потврда за посветеноста, креативноста и ангажманот на учениците и менторот во промовирањето на зелените идеи и одржливиот развој.
Им честитаме на сите учесници и се радуваме на идни успеси и нови проекти кои придонесуваат за подобра и поодржлива иднина.
Честитки за учениците и менторот за овој значаен успех! 🌱🥉👏