СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Уписи

Home/Уписи

Врз основа на член 42 од Законот за средно образование и Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта во учебната 2026/2027  година од Министерот за образование на Република Македонија, Училишната комисија за запишување на ученици  во Средното општинското стручно училиште “Св.Кирил и Методиј ” – Охрид, распишува

И Н Т Е Р Е Н    О Г Л А С

За спроведување на Конкурсот за запишување ученици во I година во учебната 2026/2027 година

  1. БРОЈ НА УЧЕНИЧКИ МЕСТА ПО ВИД НА ОБРАЗОВАНИЕ

Во  I година во второто пријавување во јунски уписен рок  во СОСУ,,Св.Кирил и Методиј ” – Охрид има 21 слободно место за запишување на ученици во 5 паралелки  со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:

Сектор Економија, право и трговија – 19 ученици, 4 паралелки

– економски техничар                                         мак   16 уч.    3 пар. 4 г тр.  60 поени минимум

*во соработка со компании                  

(Општина Охрид, ЈП Водовод, ЈПБилјанини извори, ЈП Градски пазар, ЈПОхридски комуналец, ЈП Ниско градба, ЈПКолекторски систем, Риема 2012, Диа-те 2010,МКМ ДООЕЛ, Факторинг КМЈ, Нотар Бахар Калем, Јолак ДООЕЛ, Основен суд Охрид, Халк осигурување, Јавен адвертајзинг Битола,ДТ Андрос, Братство ИНОХ, ЛТХ леарница,ЛИОН биро, Сметководствено биро АДИ-ЗУМ и НУ Завод и музеј охрид, HEIDELBERG Faculty – Скопје)

– техничар за е-трговија и дигитален маркетинг    мак  3 уч.  1 пар.   4 г тр.  60 поени мин.

 Сектор Здравство и социјална заштита – 2 ученици, 1 паралелка

– медицинска сестра*во соработка со компании    мак   2 уч. 1 пар.    4 г тр. 70 поени мин.

(ЈЗУ Општа болница Охрид, ЈЗУ Св.Еразмо – Охрид, ЈЗУ Специјализирана болница за

кардиоваскуларни заболувања)

  1. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишувањето на учениците во јавните средни училишта (во натамошниот текст: училишта) во учебната 2026/2027 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и со овој Конкурс.

 УСЛОВИТЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ПРВА ГОДИНА СЕ:

– да имаат завршено основно образование;

– да не се постари од 17 години, а ученик со посебни образовни потреби да не е постар од 25 години

– да се определиле за план и програма за стручно образование и обука

– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

 КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ СЕ:

− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;

 − среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, англиски јазик и два предмети што се од значење за секторот);

− диплома за освоено I, II или III место на меѓународен натпревар, како и освоено прво место на државен натпревар, организиран од акредитирани здруженија на наставници за реализација на натпревари во основно образование од страна на Министерство за образование и наука.

 − средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.

 Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаења и вештини во соодветното училиште. Примената на оваа афирмативна мерка се врши по завршување на рангирањето и не влијае врз статусот на веќе рангираните кандидати кои го исполнуваат минималниот пропишан број поени.

 Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број предвиден во овој конкурс, кои ги исполнуваат предвидените услови, се организира квалификациско тестирање на наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети и тоа

– за сектор здравство и социјална заштита – биологија и хемија

– за другите сектори – мајчин јазик и математика.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за секторот), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено прво место на државен натпревар организиран од акредитирано здружение на наставници за реализација на натпревари во основно образование од страна на Министерство за образование и наука, ученикот може да добие 3 поени.

 – За освоено прво, второ или трето место, односно златен, сребрен или бронзен медал на меѓународен натпревар-ученикот може да добие 5, 4 или 3 поени соодветно.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4). Утврдениот минимум број поени за првото пријавување е составен дел на овој Конкурс.

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (сектор или квалификација) го има во општината, односно регионот.

 Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

***П Р Е Г Л Е Д на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците

  1. Сектор Економија, право и трговија мајчин и англиски јазикматематика, историја
  2. Сектор Здравство и социјална заштита –  мајчин и англиски јазикбиологија, хемија

* Паралелките во стручно образование кои се означени со * се дуални паралелки

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ 

По успешното електронско пријавување, учениците во избраното јавно средно училиште ја доставуваат следната документација:

пријава за запишување (пријавата учениците можат да ја генерираат со печатење на електронската пријава преку системот за е-услуги);

 – оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

 – дипломи (доклку имаат) за освоено I, II или III место од меѓународен натпревар и/или освоено I место на државен натпреварод мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за секторот, насоката, односно изборното подрачје;

 – извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето);

– проценка за попреченост од системот за проценка на лица со попреченост.

  1. I КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето на учениците ќе се врши електронски преку порталот uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици преку сопствените кориснички сметки на schools.mk

 ЈУНСКИ УПИСЕН РОК:

* Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 23 јуни 2026 година од 00:00 часот до 23:59 часот.

Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 24 јуни 2026 година од 08.00 до 15.00 часот.

Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 25 јуни 2026 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.

– Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 29 јуни 2026 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават истиот ден, на јавно место во училиштето.

По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.

Претседател на Училишна Комисија    за запишување ученици

  Директор

 Ристе Јанкоски

                                                                                                               

Во прилог линк за пресметување на поени:

  1. калкулатор за медицинска сестра
  2. калкулатор за економски техничар дуални паралелки и техничар за е-трговија и дигитален маркетинг