СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Токсични врски – како да ги препознаеш и да се заштитиш

Љубовта не треба да боли, да исцрпува или да не тера да се сомневаме во себе. Сепак, токсичните врски често започнуваат тивко и маскирано во ,,голема љубов”.

Токму на оваа исклучително важна тема, во нашето училиште се реализира интерактивна работилница насловена ,,Токсични врски – како да ги препознаеш и да се заштитиш”, наменета за ученичките од прва до четврта година.

Преку комбинација од :

📌 Теоретски осврт и отворен разговор;

🎬 Видео на оваа тема (снимено со наши ученички) ;

🗣Практични вежби и конструктивна дискусија,

ученичките имаа можност да научат како јасно да направат разлика помеѓу здрава поддршка и емоционална манипулација-без разлика дали станува збор за партнерски или другарски односи.

Градењето здрави граници и самопочит се клучни за благосостојбата на секоја млада личност.Продолжуваме да зборуваме отворено за темите што навистина ни значат!

#ЗдравиВрски#МенталноЗдравје#Едукација#Млади#СвесностУчилишниАктивности

Споделете ја објавата:

Слични објави