15 ти јубилеен проект Хрватска 2025 (пролетна сесија).
Овој проект се реализира во период од 27 април до 1 мај 2025 год.,а опфати работни посети на реномирани компании како Нимко ДОО -Загреб (индустрија за алкохолни пијалоци), Винаријата Цмречњак од Штригова, АД Виндија-Вараждин (индустрија за млечни и сувомесни производи), како и компанијата Раденска ДОО – Раденци (Р.Словенија) – индустрија за минерална вода и сокови.
Нашите ученици имаа прекрасна можност да ги прошират своите знаења од областа на економијата во секторите производство, финансии, менаџмент, маркетинг итн, правната регулатива на посетените држави, како и трговската мрежа за пласман на своите производи во земјите на ЕУ како и во земјите на поранешна Југославија.
Во рамките на проектот учениците имаа можност да посетат значајни културно историски споменици и музеи како кралскиот дворец во Вараждин, музејот на пожарникарството во Вараждин, музејот на Олд Тајмерите во Крапина, како и рајскиот дворец Тракошќан.
Бладарност до учениците за примерниот и професионален однос во текот на проектот.
Традицијата продолжува!
Автор – ментор, проф.Горан Попоски.




















