Благодарение на Ученичката заедница при СОСУ,,Св.Кирил и Методиј“ Охрид, која го
изработи видеото за Спинална мускулна атрофија, а по повод февруари-Месецот на
ретките болести, денеска имавме чест да бидеме домаќини на м-р Симона Јовеска –
претседател на здружението СТОП СМА, д-р Маја Божиновска-Смическа- невролог , г-ѓа
Гордана Лолеска-претседател на здружението ,,Ретко е да си редок“ и г-дин Сафет Алили –
претставник на здружението LEITZ Care a.s.b.l – Luxemburg.
Средбата беше остварена на иницијатива на здружението СТОП СМА кои беа особено
воодушевени од трудот на нашите ученици. И изразија желба да се запознаат со
“главните виновници” за изработка на оваа видео кое беше прикажано и на
Медицинскиот факултет во Скопје.
На оваа средба учениците од здравствена струка одржаа кратка презентација за ова ретко
заболување и поставуваа прашања до гостите за предизвиците со кои се соочуваат во
секојдневниот живот.
Во иднина се надеваме на поголем број соработки и успешни проекти.







