Едукација, дегустација, патување, другарување, љубов, толеранција меѓу младите и тоа се на едно место во проектот во Р.Хрватска во периодот од 27 Април до 1 Мај 2026 год.кој опфати работни посети на 4 реномирани компании како индустријата за жестоки пијалоци Нимко Загреб, винаријата Коцијан Штригова, прехранбената индустрија Виндија Вараждин и индустријата за обувки Јелен Професионал од Чаковец а при тоа нашите ученици имаа ретка можност да се стекнат со знаења и вештини од областа на економијата, правото и трговијата. Во рамките на проектот беа посетени и музејот дворец Тракошчан,музејот на пожарникарството во Вараждин и музејот на олдтајмерите во Крапина Голема благодарност до учениците и професорите Христина Кузманоска и Горан Попоски за успешно реализација на овој проект. Традицијата-продолжува! Автор-Ментор на проектот проф Горан Попоски














































