Со гордост ви го претставуваме новиот училишен весник!
Драги ученици, родители и наставници, со задоволство ве известуваме дека излезе новото издание на нашиот училишен весник!
Во овој број можете да прочитате интересни ученички текстови, новости од училиштето, успеси на нашите ученици, интервјуа, креативни содржини, фотографии од училишни активности и многу други интересни теми што го одбележаа изминатиот период.
Весникот е резултат на трудот, креативноста и тимската работа на учениците и наставниците кои со посветеност работеа на неговата подготовка. Горди сме што преку овој проект учениците имаат можност да ги покажат своите таленти, идеи и мислења.
📖 Ве покануваме да го прочитате весникот и да уживате во содржините што ги подготвија нашите млади автори.
Им благодариме на сите што учествуваа во реализацијата и дадоа поддршка за создавање на ова издание!
