Едукација, дегустација, патување, другарување, љубов, толеранција меѓу младите и тоа се на едно место. Четврти по ред проект во Босна и Херцеговина во периодот од 2 до 7 Декември кој опфати работни посети на три реномирани компании како пекарската индустрија Спринд од Сараево, Солана Ад Тузла и прехранбената индустрија Виспак од Восоко а при тоа нашите ученици имаа ретка можност да се стекнат со знаења и вештини од областа на економијата, правото и трговијата. Исто така посебен белег остави и посетата на градското собрание во Сараево каде учениците ги научија поимите кантон, кантонизација, дистрикт итн. Во рамките на проектот беа посетени и музејот на градското собрание, и Олимпискиот музеј во Сараево како и зоолошката градина во Тузла. Голема благодарност до учениците и професорите Цветанка Дамческа, Димитар Велјаноски и Горан Попоски за успешно реализација на овој проект. Традицијата-продолжува! Автор-Ментор на проектот проф Горан Попоски







