СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Правото како заштита: Едукативна средба со претставници од КПУ Затвор Охрид

На ден 05.05.2026, на часовите по предметот Право и државно уредување и во корелација со наставната програма, пред учениците од втора година, Економско-правна и трговска струка, беа реализирани едукативно-интерактивни предавања со проф. по Право М-р Надица Речкоска и претставниците од КПУ Затвор Охрид,Психолог-М-р Билјана Крлеска и Главен Командир на затворската полиција-Зоран Момироски.

Предавањата беа од едукативен и превентивен карактер на теми соодветни на возраста на учениците, со цел превенција и идно намалување на стапката на криминал извршен од страна на постари малолетници, чија категорија ја опфаќаат токму деца од 16 до 18 години.

Учениците, како деца кои спаѓаат во таа старосна граница а преку анализирање на реални случаи имаа можност да се запознаат со суровата реалност во случај на судири со закон.

Нашето училиште исто така со горенаведената институција има склучено Меморандум за соработка со што редовно се реализираат ваков тип едукативно-превентивни предавања.

Споделете ја објавата:

Слични објави

Трето место на натпреварот „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“

Нашето училиште освои трето место на националниот натпревар „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“.Наградениот проект беше оценет меѓу најдобрите пристигнати трудови од стручните училишта низ државата.

Читај повеќе

Вози велосипед уживај и промовирај

Благодарност до сите учесници, волонтери и љубители на урбаниот велосипедизам. Нека урбаниот велосипедизам и иновативниот маркетинг нè зближуваат уште многу години.Во прилог е додадено видео од настанот, кое

Читај повеќе