Го најавуваме нашето учество на Саемот за образование и кариера, кој ќе се одржи на 30 април 2025 година (среда) во Младинскиот Центар Охрид, со почеток во 12:00 часот.
Овој значаен настан претставува можност за сите ученици, родители и млади луѓе да се информираат за можностите за понатамошно образование и професионален развој.
На саемот, нашето училиште ќе ги претстави следните образовни профили:
- Економски техничар – дуални паралелки, насочени кон стекнување практични вештини во соработка со компании;
- Техничар за е-трговија и дигитален маркетинг, фокусирани на дигитална писменост, онлајн продажба и маркетинг алатки;
- Медицинска сестра, струка ориентирана кон здравствена грижа и практична работа во медицински установи.
Ги покануваме сите заинтересирани да го посетат нашиот штанд и да се запознаат поблиску со нашата понуда.
Ве очекуваме!
