Учениците од СОСУ ,,Св. Кирил и Методиј” беа дел од настанот ,,Се
гушкаме за ретки” по повод Денот на ретките болести.Овој настан е
организиран на иницијатива на Хрватскиот сојуз за ретки
болести,поддржан од националните алијанси и здруженија за ретки болести
на Балканот.
Настанот се одржа на Градскиот плоштад во Охрид со почеток во 12.00 на
28.02.2025 година, истовремено со сите здруженија од Балканот.
Целта на настанот беше да покажеме колку е важна секоја прегратка-симбол
на единство, разбирање и поддршка на лицата кои живеат со ретки болести.
Споделувајте љубов и поддршка-гушкајте, споделете, помогнете во
ширење на свеста!
