СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Регионален натпревар по биологија

Прва награда за нашата ученичка Ана! Честитки!

На регионалниот натпревар по биологија, кој се одржа на 14 март 2025 година, нашата ученичка Ана Зороска од прва година здравствена струка ја освои првата награда, обезбедувајќи пласман на државниот натпревар. Овој значаен успех претставува резултат на нејзината долготрајна посветеност, сериозен пристап кон научната дисциплина и длабока љубов кон биологијата.

Ѝ посакуваме искрено успех на државниот натпревар и сме уверени дека Ана и понатаму ќе нè прави горди со своите знаења, труд и посветеност.

Браво Ана!

Ментор проф.Даниела Стојаноска

Споделете ја објавата:

Слични објави

Трето место на натпреварот „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“

Нашето училиште освои трето место на националниот натпревар „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“.Наградениот проект беше оценет меѓу најдобрите пристигнати трудови од стручните училишта низ државата.

Читај повеќе

Вози велосипед уживај и промовирај

Благодарност до сите учесници, волонтери и љубители на урбаниот велосипедизам. Нека урбаниот велосипедизам и иновативниот маркетинг нè зближуваат уште многу години.Во прилог е додадено видео од настанот, кое

Читај повеќе