СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Саем за образование и кариера

СОСУ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - ОХРИД > Саем за образование и кариера

Го најавуваме нашето учество на Саемот за образование и кариера, кој ќе се одржи на 30 април 2025 година (среда) во Младинскиот Центар Охрид, со почеток во 12:00 часот.

Овој значаен настан претставува можност за сите ученици, родители и млади луѓе да се информираат за можностите за понатамошно образование и професионален развој.

На саемот, нашето училиште ќе ги претстави следните образовни профили:

  • Економски техничар – дуални паралелки, насочени кон стекнување практични вештини во соработка со компании;
  • Техничар за е-трговија и дигитален маркетинг, фокусирани на дигитална писменост, онлајн продажба и маркетинг алатки;
  • Медицинска сестра, струка ориентирана кон здравствена грижа и практична работа во медицински установи.

Ги покануваме сите заинтересирани да го посетат нашиот штанд и да се запознаат поблиску со нашата понуда.

Ве очекуваме!

Споделете ја објавата:

Слични објави

Микро бизнис игри

Минатиот четврток и петок, учениците од средното економско училиште „Св. Кирил иМетодиј“ во Охрид, имаа можност да влезат во улога на претприемачи во „Микро бизнисигрите“, обука развиена од

Читај повеќе