СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

 Од срце трчај со срце дарувај за Кочани

Ученици и студенти, родители и наставници, вработени во јавните претпријатија и Општина Охрид ја покажаа хуманоста на дело. Преку 500 учесници беа дел од хуманитарна трка „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани“ во организација на СОСУ „Св. Кирил и Методиј”-Охрид во соработка со ЈП “Билјанини извори”-Охрид.

Ваков спортски настан училиштето организира втора година со ред, но годинава помасовен и со хуманитарна цел за настраданите во Кочани.

Благодарност до сите вклучени во организацијата и реализацијата на хуманитарната трка!

Споделете ја објавата:

Слични објави

eTwinning проект

еТвининг проект „Finish an unfinished story“ Во овој креативен и едукативен проект „Finish an unfinished story“, шест ученички групи од различни училишта и земји (Македонија, Турција и Романија)

Читај повеќе