Минатиот четврток и петок, учениците од средното економско училиште „Св. Кирил и
Методиј“ во Охрид, имаа можност да влезат во улога на претприемачи во „Микро бизнис
игрите“, обука развиена од страна на германскиот Sparkassenstiftung за меѓународна
соработка. Преку тимска работа, носење стратешки одлуки и применување на критичко
размислување, учениците водеа симулација на свој бизнис и одговараа на реални
деловни предизвици. Нивната енергија, идеи и креативност дојдоа до израз во секој чекор
од обуката.
Голема благодарност до учениците за покажаната проактивност, до управата на
училиштето за нивниот ентузијазам, и до нашите партнери ЦЕФЕ Македонија за
здружените заложби за реализација на оваа интерактивна обука.





