Во СОСУ Св Кирил и Методиј по повод Светскиот ден на велосипедизмот, учениците под мотото „Вози велосипед, уживај и профитирај“ реализираа една бизнис идеа за пренесување на маркетинг пораки од локални компании, преку промовирање на велосипедот како еколошка алтернативиа за транспорт во урбаните средини. Проектот е на Здружението за едукација, култура и младински активизам „Граѓански Интегритет“, а поддржан од Општина Охрид.Целта на овој иновативен проект е да се покаже дека со вклучување на велосипедизмот во животниот стил, велосипедистите не само што можат да уживаат во физичките и менталните придобивки од усвојување здрави животни навики туку можат и потенцијално да заработат приход од рекламирање компании.
СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ ве поканува на хуманитарна забава за нашата Бојана
Почитувани сограѓани, Во животот понекогаш сите ние се соочуваме со предизвици, но токму во тие моменти, силата на заедништвото и љубовта се најважни. Оваа забава е посветена на