Почитувани,
Ве покануваме да бидете дел од настанот „Вози велосипед, уживај и промовирај“, кој ќе се одржи на
03.06.2026 година (среда), со почеток во
11:00 часот, а стартната локација е
Холандски парк – Охрид.
Настанот има за цел да ја поттикне употребата на велосипедот како здрав, еколошки и модерен начин на превоз, истовремено промовирајќи ги локалните бизниси низ градот. Заедно ќе возиме низ улиците на Охрид, ќе уживаме во позитивна атмосфера и ќе испратиме порака за:
здрав живот,
одржлива мобилност,
локална поддршка.
Учеството е доброволно, а учесниците учествуваат со сопствени велосипеди и на сопствена одговорност.
Организаторот обезбедува:
кациги за учесниците,
мобилна реклама,
забава со музички бенд,
освежување (вода, интегрални кекси и овошје),
шишиња за велосипед за сите учесници.
Пријавувањето се врши преку линк:
https://forms.gle/qT945b15MxnxuoUK8
Рок за пријавување: до 01.06.2026 година.
За дополнителни информации:
Тел: +38972235249
Е-адреса: [email protected]
Ви благодариме за интересот и поддршката! Се гледаме на велосипед! ![]()
![]()
