СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Отворен Ден на СОСУ ,,Св.Кирил и Методиј“, празник на знаење и истражување!

СОСУ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - ОХРИД > Отворен Ден на СОСУ ,,Св.Кирил и Методиј“, празник на знаење и истражување!

Основците ги откриваат своите идни можности во светот на економијата и медицината!

Отворен Ден на СОСУ ,,Св.Кирил и Методиј“, празник на знаење и истражување!

Сликите кажуваат повеќе од зборовите.

На отворениот ден на училиштето, голем број на идни средношколци беа во посета на нашето училиште, при што имаа можност да се запознаат со наставните планови и програми за образовните профили: економски техничар, техничар за дигитален маркетинг и е -трговија и медицинска сестра. При тоа, ја почуствуваа идната работна средина, се запознаа со начините на кои се изведува наставата, можностите кои ги нуди ова училиште, како просторни така и технички, како и перспективите кои ги нудат струките. Се сретнаа со претставници од компаниите со кои училиштето соработува при реализацијата на практичната настава и обука, за што изразуваме голема благодарност до нив за одвоеното време и нивно присуство. Исто така, и присуството на претставници од Советот на женско претприемништво на Охрид, беше вистинска инспирација за нашите ученици. Ви благодариме што ги споделивте вашите искуства и знаења со нас. Учениците учествуваа и во работилници, квизови, а при тоа и се забавуваа.

Благодариме на сите кои го поддржаа овој настан!

Драги идни средношколци, вашата иднина започна тука!

Споделете ја објавата:

Слични објави

Едукативни предавања со цел превенција и спречување на вршење кривични дела од страна на деца -малолетници како потенцијални сторители на кривични деликти

На ден 26.05.2025 година, под менторство на проф. М-р. Надица Речкоска – наставник по Право, пред учениците од втора година, Економско-правна и трговска струка, се реализираа едукативни предавања,

Читај повеќе