Уште една прекрасна посета со нашите ученици во Народна банка на Република Македонија!Посетата опфати обиколка на Музејот на Народната банка каде се чуваат 23 000 примероци нумизматички материјал, што е најголема нумизматичка збирка во државата. Преку музејската поставка учениците имаа можност да се запознаат со монетоковањето низ историјата, почнувајќи уште од пајонско време за што сведочи и најстарата монета во Збирката која потекнува токму од тој период (VI – V век п.н.е.) , потоа монетите на Лихнид како ретка бронзена серија на монети од II век п.н.е. Убава едукативна посета во која се разви дискусија за парите, кога се појавиле тие на македонско тло, за првите ковани златни монети во времето на Александар Велики, за развојот на монетарните системи, за првите ковачници на пари во Македонија од кои една од нив се наоѓала во Охрид, па се до денешниот македонски денар. Се дискутираше и за иконографијата и дизајнот на парите, за симолите кои се ноѓаат на монетите, како одраз на општествените и културните случување. Овие мали изложени атрефакти во ова музејско катче во Народната банка раскажаа многу историски приказни.
Посетата продолжи со предавање во собата на гувернери, каде се изложени портретите од сите досегашни гувернери на Народната банка, а на чело на банката момнтално е жена – гувернер.
Учениците се запознаа со улогата и функциите на Народната банка на Македонија, монетарната политика, девизните резерви, инфлацијата и слични поими. За учениците беше реализиран и едукативен квиз со што успешно се заокружи оваа едукативана посета.
Професори: Горан Попоски, Весна Мракоска, Маја Цветаноска, Дарко Дулески.