Со свечена програма, на 22.5.2024 година во НУ Центар за култура ,, Григор Прличев“, нашето училиштето СОСУ ,,Св. Кирил и Методиј“ го одбележа Патрониот празник. Поздравен говор одржа директорот Ристе Јанкоски оддавајќи почит кон солунскте браќа за нивната мисија ,,за создавањето на глаголицата врз чија основа, од страна на нивните ученици, е направена кирилицата, која ден денес претставува официјално писмо на македонскиот народ. Оддавањето достојна почит кон нивното дело и лик е должност и задоволство за секој кој ја знае важноста и неопходноста од описменувањето на секој поединец и заедница“.
Оваа година го прославуваме и нашиот јубилеј, 10 години од постоењето на училиштето како самостоен правен субјект, во чие самостојно работење постигнува огромен раст и развој. ,, Нашето училиште денес е куќа градена од нашите претходници и од нас како просветни работници кои со нашите дела, квалитети и трудољубивост придонесуваме кон создавање на нови генерции…кои ќе ја градат нашата иднина.“
Оваа година е и година кога го прославуваме раѓањето и љубовта. Го посветуваме на големите јубилеи од раѓањето на македонските великани, и тоа 150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков и 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски.
По тој повод, рецитаторската секција на нашето училиште подготви рецитал, надополнет со хорот и оркестарот и на крајот следуваше танцувачката изведба. Беа доделени благодарници за афимација и промација на нашето училиште и на добитниците на награди на регионалните и државните натпревари.
Нека ни е честит празникот Св. Кирил и Методиј и Патрониот празник на нашето училиште кое со гордост го носи нивното име!
Читајте ги македонските автори зашто тие се потврда на нашиот идентитет, и љубете зашто љубовта е најсилната енергија која го воскреснува човекот!
За многу години!