По повод 10ти декември, меѓународниот ден на човекови права (International human rights day) и ден на усвојување на Универзалната декларација за човековите права, учениците од втора година, Економско-правна и трговска струка со проф. по Право, Надица Речкоска, презентираа права опфатени во македонскиот Устав кои исто така се дел од Универзалната декларација за човековите права.
Воедно на овој датум традиционално се доделува наградата за човековите права на Обединетите нации и Нобеловата награда за мир !
Научи ги своите права денес, заштити се утре !






