На 22 Мај 2024 год.учениците од трета година економско правна и трговска струка при нашето училиште заедно со проф.Горан Попоски учествуваа на меѓународната студентска конференција SERVEKO во ФТУ Охрид посветена на економијата и бизнисот во услужните дејности. Плодна и успешна конференција за нашите ученици кои имаа можност да учествуваат во работна сесија на која можеа да слушнат и научат искуства на бивши студенти а сега успешни бизнисмени како од студентска диплома преку труд и знаења се стигнува до сопствен бизнис.Исто така учениците можеа да проследат извонредни трудови и презентации на актуелни студенти инаку наши бивши ученици од областа на надворешната трговија,трговското право и шпедицијата. Благодарност до деканката Снежана Дическа,проф.Александар Трајков,проф.Ристо Речкоски,проф.Даниела Милошоска и останатите колеги од ФТУ Охрид за одличниот прием и амбиент. Традицијата продолжува!
Инструкции за уписот за прв циклус 2024/2025
Инструкции за уписот за прв циклус 2024/2025 во однос на системот за упис: Постапка за електронско аплицирање за запишување на ученици во прва година: Кликнете на линкот кој