СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Историјат

СОСУ,,Св.Кирил и Методиј -Охрид е средно стручно училиште, лоцирано во центарот на градот Охрид во непосредна близина на Општина Охрид, лесно пристапно за учениците, родителите и др. заинтересирани посетители.
Воспитно-образовната дејност на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ -Охрид се одвива во зградата на поранешното економско училиште,лоцирана во центарот на градот, на улица Мите Богоески бр.2. Историјата на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“-Охрид почнува од учебната 2014/2015 година,бидејќи како правен субјект под овој назив се регистрира на 7.8.2014 година. Но тоа не значи дека и образованието во економските науки почнува од 2014/2015 учебна година. Традицијата започнува во дамнешната 1957 година со основање на Средното економско училиште „Мите Богоески“. До 1971 година ова училиште функционираше самостојно, дури и како економско училиште со гимназиски паралелки.
Во јануари 1971 година, се фузираа гимназијата„ Климент Охридски “ и економското училиште „ Мите Богоески “ во Гимназија со економски паралелки. До септември 2014 година, ова училиште функционираше како еден правен субјект под името „Св. Климент Охридски“. Во рамките на ова училиште почна и традицијата за средно образование и во рамките на медицинските науки. Од учебната 1983/84 година до учебната 1990/91 година, во системот на средното насочено образование, функционираа медицински паралелки, за профил медицински техничар. Од учебната 2008/2009 година, според проценетите потреби за ваков профил на образование, пак, се воведе образование од областа на здравствената струка – профил медицинска сестра. До 2014 година, воспитно- образовната работа на училиштето ОСУ „Св.Климент Охридски“ се одвиваше во две згради, односно за гимназиско образование во таканаречената Гимназија и за стручно образование во новоизградената зграда со по 4 паралелки од економско-правна и трговска струка, со профил економски техничар и една паралелка од здравствената струка со профил медицинска сестра.
Од 1.9.2014 година, гимназиското и стручното образование при ОСУ „Св. Климент Охридски“ се одделени и воспитно-образовната работа продолжува да се одвива во две посебни институции, односно во ОСУ „Св. Климент Охридски“ се одвива само гимназиско образование во Гимназиската зграда, додека стручното образование се одвива во истата зграда каде што и досега се изведуваше наставата за стручно образование, но сега како посебен субјект, односно во новоформираното училиште СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

Училиштето СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ е верифицирано и делува како училиште за средно образование во кое се изведува настава за стручно образование,и тоа во секоја учебна година во четири паралелки од економска струка – профили економски техничар,економски техничар-соработка со компании и техничар за е-трговија и дигитален маркетинги во една паралелка од здравствена струка–профил медицинска сестра, со акт бр.11-2891/4 од 27.3.2014година, издаден од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

Новите реформирани струки се со верификација ., .УП1 13-881/08/0/2020 за економско-правна и трговска струка економски техничар, УП 1 13-957 од 6.6.2022 год. за економски техничар –соработка со компании и УП1 13-957 од 6.6.2022 год за е-трговија и дигитален маркетинг и .УП1 13-882/08/06/2020 за здравствена струка.
Во училиштето се изведува настава на македонски наставен јазик.