Денес во нашето училиште се одржаа креативни и едукативни работилници за подигнување на свесноста кај учениците за поддршка и помош на лицата со посебни потреби.
По повод 3 Декември – Светскиот ден на лицата со посебни потреби , учениците имаа можност да влезат во улога на:
слепи лица
лица со телесен инвалидитет
лица со дислексија и дисграфија
Целта на активностите беше развивање на хуманост, разбирање и емпатија кај учениците, со надеж дека секогаш ќе покажуваме почит и поддршка кон сите.
Заедно учиме, растеме и правиме подобар свет!





