СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

еТвининг проект „Finish an unfinished story“

Во овој креативен и едукативен проект „Finish an unfinished story“, шест ученички групи од различни училишта и земји (Македонија, Турција и Романија) соработуваат на создавање заедничка еко-приказна составена од шест тематски поврзани поглавја.

Цели на проектот:

Проектот има за цел да ги подобри јазичните и дигиталните вештини на учениците, да ја поттикне нивната еколошка свест и креативност, како и да ја засили меѓусебната соработка преку користење на литературна форма за изразување и рефлексија на актуелни еколошки проблеми.

Главната цел е преку пишување заедничка приказна да се поттикне развојот на:

Комуникациски и јазични вештини, особено на англиски јазик

Креативно и критичко размислување

Колективна одговорност за животната средина

Вредности на одржлив развој и граѓанска свест

Соработка и меѓукултурен дијалог

Нашиот придонес:

Во проектот учествуваа 35 ученици од нашето училиште, кои работат на различни активности, особено на подготовката на поглавјата 2 и 3 од приказната. Активностите и учениците ги водат и координираат професорките Жаклина Милеска и Катерина Балева Симјаноска.

Краен производ:

По завршувањето на проектот, заедничката приказна ќе биде дизајнирана како книга, отпечатена и доставена во училишните библиотеки како пример на креативна, интердисциплинарна и интеркултурна соработка помеѓу учениците и наставниците од три земји.

Споделете ја објавата:

Слични објави

Едукативни предавања со цел превенција и спречување на вршење кривични дела од страна на деца -малолетници како потенцијални сторители на кривични деликти

На ден 26.05.2025 година, под менторство на проф. М-р. Надица Речкоска – наставник по Право, пред учениците од втора година, Економско-правна и трговска струка, се реализираа едукативни предавања,

Читај повеќе