СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Работилница „Свесност за сопствените емоции и справување со емоциите”

Целта на оваа работилница беше учениците преку повеќе вежби и меѓусебна интеракција да станат свесни за сопствените емоции како предуслов за разој на емпатија и сочувство, да им помогне на учениците да разберат кои се преовладувачки емоции во нивните животи.На учениците им беше укажано кои се разлики помеѓу чувствата и емоциите, и како разбирањето на овие разлики ни помага да се разбереме себе и да ги разбереме другите.Разбирањето на нашите чувства и учењето како да ги забележиме е прв чекор за справување со тешки чувства.На крај се извлече заклучок дека емоциите, мислите и телесните сензации може да се поврзани и дека чувствата не се јавуваат самостојно,туку се поврзани со нашите мисли,телесни сензации и влијаат на тоа како се однесуваме.

Реализатори
Стручна служба

Споделете ја објавата:

Слични објави

Трето место на натпреварот „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“

Нашето училиште освои трето место на националниот натпревар „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“.Наградениот проект беше оценет меѓу најдобрите пристигнати трудови од стручните училишта низ државата.

Читај повеќе

Вози велосипед уживај и промовирај

Благодарност до сите учесници, волонтери и љубители на урбаниот велосипедизам. Нека урбаниот велосипедизам и иновативниот маркетинг нè зближуваат уште многу години.Во прилог е додадено видео од настанот, кое

Читај повеќе