СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Ментално здравје – Самодоверба

На 12.03.2025 со учениците од III и IV година беше одржана работилница од
циклусот работилници за Ментално здравје на тема Самодоверба.
Самодовербата е перцепцијата која ја имаме за себе и која е поврзана со себе-
евалуација.Значајно е да ја развиеме на начин што ќе биде најблиску до она
што е реално и позитивно.Овој начин ни дозволува да ги откриеме нашите
лични капацитети за да ги увидиме и користиме на соодветен начин, но исто
така и да ги откриеме нашите слаби страни, да ги прифатиме и да ги
подобриме во рамки на можностите.
Работилницата се реализира преку интерактивни активности каде учениците
се запознаа со тоа што значи зборот самодоверба, потоа се водеше дискусија
за оценување на сопствената самодоверба пр.доволна/недоволна, како
другите ја оценувааат нивната самодоверба итн.

Споделете ја објавата:

Слични објави

eTwinning проект

еТвининг проект „Finish an unfinished story“ Во овој креативен и едукативен проект „Finish an unfinished story“, шест ученички групи од различни училишта и земји (Македонија, Турција и Романија)

Читај повеќе