СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Запознајте го Македонското собрание

Во рамките на проектот Запознајте го Македонското собрание се оствари работна посета во Собранието на РМ во Скопје со учениците од прва година економско правна и трговска струка.Во текот на овој проект учениците имаа можност да ги прикажат своите ораторски способности т.е.да дебатираат на одредени теми од нашето секојдневие.Учениците имаа можност да прошетаат низ собраниските простории како салата на законодавно правната комисија,салата за пленарни седници, охридската сала за координативни состаноци,кристалната сала за свечености итн.Учениците и професорите остварија средба и со дел од пратениците со кои имаа можност да дискутираат на одредени теми и да постават и свои прашања.Исто така голема благодарност и до претседателот на Собранието на РМ г.Африм Гаши кој не удостои со неговото присуство и обраќањето кон учениците. Традицијата продолжува! Автор-ментор проф.Горан Попоски

Споделете ја објавата:

Слични објави

Трето место на натпреварот „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“

Нашето училиште освои трето место на националниот натпревар „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“.Наградениот проект беше оценет меѓу најдобрите пристигнати трудови од стручните училишта низ државата.

Читај повеќе

Вози велосипед уживај и промовирај

Благодарност до сите учесници, волонтери и љубители на урбаниот велосипедизам. Нека урбаниот велосипедизам и иновативниот маркетинг нè зближуваат уште многу години.Во прилог е додадено видео од настанот, кое

Читај повеќе