СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Запознајте го Македонското собрание

На 23 февруари 2024г.во рамките на проектот Запознајте го Македонското собрание се оствари работна посета во Скопје со учениците од прва година при нашето училиште во која учениците имаа ретка можност да научат доста работи за демократијата и парламентаризмот,за изборите, изборните модели итн.Во оваа работна посета учениците се запознаа со многу собраниски простории како пленарната сала,кристалната сала, охридската,кабинетот на претседателот на Собранието итн.Чест и задоволство беше дружењето и со Охридската пратеничка Лидија Петкоска. Во рамките на проектот се посети и Музејот на холокаустот на еврејските жртви од Македонија што настрадаа во втората светска војна во злогласниот логор Треблинка .Ментори на проектот проф Горан Попоски и проф.Наум Аслимоски.Професорки кореспонденти во проектот беа Марија Сарафимоска, Маја Цветанова и Дијана Пауноска.

Споделете ја објавата:

Слични објави

Трето место на натпреварот „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“

Нашето училиште освои трето место на националниот натпревар „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“.Наградениот проект беше оценет меѓу најдобрите пристигнати трудови од стручните училишта низ државата.

Читај повеќе

Вози велосипед уживај и промовирај

Благодарност до сите учесници, волонтери и љубители на урбаниот велосипедизам. Нека урбаниот велосипедизам и иновативниот маркетинг нè зближуваат уште многу години.Во прилог е додадено видео од настанот, кое

Читај повеќе