Врз основа на член 42 од Законот за средно образование и Конкурсот за запишување на ученици во јавнитесредни училишта во учебната 2025/2026година од Министерот за образование на Република Македонија, Училишната комисија за запишување на ученици во Средното општинското стручно училиште “Св.Кирил и Методиј ” – Охрид, распишува
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С
за спроведување на Конкурсот за запишување
ученици во I година во учебната 2025/2026 година
- БРОЈ НА УЧЕНИЧКИ МЕСТА ПО ВИД НА ОБРАЗОВАНИЕ
Во прва година во првото пријавување во СОСУ”Св.Кирил и Методиј ” – Охрид ќе се запишат 143 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:
Сектор Економија, право и трговија – 109 ученици, 4 паралелки
– економски техничармак 75 уч. 3 пар. 4 г.тр 60 поени минимум *во соработка со компании
– техничар за е-трговија и дигитален маркетингмак34 уч. 1 пар. 4 г тр.60 поени минимум
Сектор Здравство и социјална заштита – 34 ученици, 1 паралелка
– медицинска сестрамак 34 уч. 1 пар. 4 г тр. 70 поени минимум
- УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ИКРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОРНА УЧЕНИЦИТЕ
Запишувањето на учениците во јавните средни училишта (во натамошниот текст: училишта) во учебната 2025/2026 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и со овој Конкурс.
УСЛОВИТЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ПРВА ГОДИНА СЕ:
– да имаат завршено основно образование;
– да не се постари од 17 години;
– да се определиле за план и програма за стручно образование и обука
– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОРНА УЧЕНИЦИТЕ СЕ:
- среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
- среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за секторот);
- дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за секторот односно изборното подрачје;
- средна вредност од поени добиени за поведениеод VI до IX одделение.
Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за секторот.
За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за секторот), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие:
– За освоена прва награда или златен медал на меѓународен натпревар 5 поени, втора награда или сребрен медал 4 поени и трета награда или бронзен медал 3 поени.
– За освоено место од државни акредитирани натпревари: за I место – 3 поени, за II место – 2 поени и за III место – 1 поен.
За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветтоодделение поделен со 4).
Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.
Утврдениот број минимум поени за првото пријавување, се составен дел на овој Конкурс.
За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.
Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во соодветното училиште.
Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (сектор или квалификација) го има во општината, односно регионот.
Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.
***П Р Е Г Л Е Д на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците
- Сектор Економија, право и трговија – мајчин и странски јазик – математика, историја
- Сектор Здравство и социјална заштита – мајчин и странски јазик – биологија, хемија
III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
По успешното електронско пријавување, учениците во избраното јавно средно училиште ја доставуваат следната документација:
– пријава за запишување(пријавата учениците можат да ја генерираат со печатење на електронската пријава преку системот за е-услуги);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за секторот, насоката, односно изборното подрачје;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
I КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk/со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
ЈУНСКИ УПИСЕН РОК:
* Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025 година.
– Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 18 јуни 2025 година од 08.00 часот до 19.00 часот и 19 јуни 2025 година од 08.00 часот до 17.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 20 јуни 2025 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
– Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 23 јуни 2025 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 23 јуни 2025 година, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
* Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2025 година од 00:00 часот до 23:59 часот.
– Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 01 јули 2025 година од 10.00 до 19.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 02 јули 2025 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
– Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 4 јули 2025 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 4 јули 2025 година, на јавно место во училиштето.
По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.
Училишна Комисија
за запишување ученици
Директор
Ристе Јанкоски
Во прилог линк за пресметување на поени: