СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

3 Декември -Светскиот ден на лицата со посебни потреби

Денес во нашето училиште се одржаа креативни и едукативни работилници за подигнување на свесноста кај учениците за поддршка и помош на лицата со посебни потреби.

По повод 3 Декември – Светскиот ден на лицата со посебни потреби , учениците имаа можност да влезат во улога на:

🔹 слепи лица

🔹 лица со телесен инвалидитет

🔹 лица со дислексија и дисграфија

Целта на активностите беше развивање на хуманост, разбирање и емпатија кај учениците, со надеж дека секогаш ќе покажуваме почит и поддршка кон сите.

Заедно учиме, растеме и правиме подобар свет!

Споделете ја објавата:

Слични објави