СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

3 Декември-Меѓународен ден на лицата со попреченост

Во просториите на СОСУ” Св Кирил и Методиј” со учениците од I и II година беше реализирана
работилница по повод 3 Декември-Меѓународен ден на лицата со пореченост.
Оваа работилница започна со запознавање на учениците со категории попречености, застапеност
на овие лица во вкупната популација, односот кон овие лица низ историјата и предизвиците со
кои се соочуваат во сегашноста.
Во вториот дел од работилницата им беа презентирани познати личности со попречености кои
покрај се успеале да остават белег во областа со која се занимавале.
Оваа работилница заврши со тоа што од учениците преку играње улоги се побара да размислат за
чувствата на овие лица и што би направиле тие за подобрување на положбата на овие лица.

Споделете ја објавата:

Слични објави

eTwinning проект

еТвининг проект „Finish an unfinished story“ Во овој креативен и едукативен проект „Finish an unfinished story“, шест ученички групи од различни училишта и земји (Македонија, Турција и Романија)

Читај повеќе