На 2 април се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за
аутизмот.Загрижувачки е фактот што инциденцата на оваа нарушување драстично се
зголемува од година во година.
Светскиот ден на аутизмот има за цел да стави акцент на проблемите со кои се соочуваат
лицата со аутизам и нивните семејства и преку поголема изложеност во јавноста да се
придонесе за поголемо разбирање и запознавање на луѓето со оваа наружување.
За таа цел ученичката Теона Талеска од II5 здравствена струка и дефектологот Марија
Смилески изготвија презентација за аутизмот, митови и факти, причини за аутизмот,
предизвици со кои се соочуваат овие лица како и успешни приказни за лицата со
аутизам.Истата беше презентирана пред нашите ученици .
Се поведе дискусија за односот кон овие лица и како ние може да допринесеме за нивно
успешно прифаќање во средината.



