СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Ученик од нашето училиште на чело на Локалното собрание на млади

На конститутивната седница на Локалното собрание на млади на Општина Охрид, за претседавач на Собранието беше избран нашиот ученик од трета година, Марко Бешироски. Во нашето училиште Марко е заменик-претседател на Ученичкиот совет. Му посакуваме многу успех и лесна работа во наредните две години.

„Им благодарам на делегатите за довербата која ми ја дадоа. Ќе го застапувам нашето училиште во најдоброто можно светло. Ќе ги претставувам желбите и потребите на младите од Општина Охрид во секое време. Ќе бидам достоен глас на младите пред градоначалникот, Советот на Општина Охрид, како и пред останатите институции.“
— Марко Бешироски, претседавач на ЛСМ на Општина Охрид

Споделете ја објавата:

Слични објави

Свечен пречек за Владимир Димитриевиќ – бронзен медалист од Светскиот ИТФ куп

Директорот на училиштето Ристе Јанкоски приреди свечен пречек за ученикот Владимир Димитриевиќ, по повод неговиот исклучителен спортски успех и освојувањето на бронзен медал на Светскиот ИТФ куп во

Читај повеќе