Врз основа на член 42 од Законот за средно образование и Конкурсот за запишување на ученици во јавнитесредни училишта во учебната 2024/2025година од Министерот за образование на Република Македонија, Училишната комисија за запишување на ученици во Средното општинското стручно училиште “Св.Кирил и Методиј ” – Охрид, распишува
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С
за спроведување на Конкурсот за запишување
ученици во I година во учебната 2024/2025 година
- БРОЈ НА УЧЕНИЧКИ МЕСТА ПО ВИД НА ОБРАЗОВАНИЕ
Во прва година во првото пријавување во СОСУ”Св.Кирил и Методиј ” – Охрид ќе се запишат 152 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:
Економско – правна и трговска струка – 118 ученици, 4 паралелки
економски техничармак 34 уч. 1 пар. 4 г тр. 60 поени минимум
– економски техничармак 50 уч. 2 пар. 4 г.тр 60 поени минимум во*соработка со компании
– техничар за е-трговија и дигитален маркетингмак34 уч. 1 пар. 4 г тр.60 поени минимум
Здравствена струка – 34 ученици, 1 паралелка
– медицинска сестрамак 34 уч. 1 пар. 4 г тр. 70 поени минимум
- УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ
Запишувањето на учениците во јавните средни училишта (во натамошниот текст: училишта) во учебната 2024/2025 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и со овој Конкурс.
Условите за запишување на учениците во прва година се:
– да имаат завршено основно образование;
– да не се постари од 17 години;
– да се определиле за план и програма за стручно образование и обука
– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.
III. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
- среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
- среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
- дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
- средна вредност од поени добиени за поведениеод VI до IX одделение.
Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.
За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
За освоена прва награда или златен медал на меѓународен натпревар 5 поени, втора награда или сребрен медал 4 поени и трета награда или бронзен медал 3 поени. – За освоено место од државни акредитирани натпревари: за I место – 3 поени, за II место – 2 поени и за III место – 1 поен. На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.
За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветтоодделение поделен со 4).
Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.
Утврдениот број минимум поени за првото пријавување, се составен дел на овој Конкурс.
За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Северна Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.
Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во соодветното училиште.
Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината, односно регионот.
Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.
***П Р Е Г Л Е Д на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците
- Економско- правна и трговска струка – мајчин и странски јазик – математика, историја
- Здравствена струка – мајчин и странски јазик – биологија, хемија
- IV.ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
По објавувањето на ранг листата, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:
– пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
- КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши јунски уписен рок со две пријавувања. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.
– Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 20 јуни до 25 јуни2024 година до 15.00 часот.
– Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 20, 21 и 24 јуни од 07.00 часот до 17.00 часот и на 25 јуни 2024 година од 07.00 до 15.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 26 јуни 2024 година, најдоцна до 09.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
– Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 28 јуни 2024 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 28 јуни 2024 година, на јавно место во училиштето.
Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 01 јули и 02 јули 2024 година до 15:00 часот.
– Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 01 јули 2024 година од 07.00 до 17.00 часот и на 02 јули од 07.00 часот до 15.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 03 јули 2024 година, најдоцна до 09.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
– Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 5 јули 2024 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 5 јули 2024 година, на јавно место во училиштето.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после уписниот рок со две пријавувања.
– Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август 2024 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски.
– Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 21 август од 07.00 часот до 17.00 часот.
– Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, секое училиште ја објавува на 22 август 2024 година, најдоцна до 12.00 часот.
По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.
Бр.08-249/1Училишна Комисијa за запишување ученици
11.04.2024 год
Директор
Ристе Јанкоски
Во прилог линк за пресметување на поени: