СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Свечен пречек за Владимир Димитриевиќ – бронзен медалист од Светскиот ИТФ куп

Директорот на училиштето Ристе Јанкоски приреди свечен пречек за ученикот Владимир Димитриевиќ, по повод неговиот исклучителен спортски успех и освојувањето на бронзен медал на Светскиот ИТФ куп во Солун.

Медалот е освоен на престижниот меѓународен турнир „King of Taekwon-do“, на кој учествуваа над 1.400 натпреварувачи од 21 држава, што дополнително ја нагласува тежината и значењето на овој успех.

Во рамки на средбата, директорот Јанкоски упати искрени честитки до Владимир, истакнувајќи дека неговата посветеност, дисциплина и спортски дух претставуваат гордост за училиштето и инспирација за сите ученици. Пречекот беше можност и за истакнување на значењето на спортот како важен сегмент во воспитно-образовниот процес.

Нашето училиште изразува искрена благодарност и поддршка за понатамошниот развој на Владимир и му посакува уште многу спортски и лични успеси во иднина.

Споделете ја објавата:

Слични објави

Отворен ден и саем на компании

Отворен ден на училиштето исполнет со многу креативност и енергија. Нашите економисти ги претставија профилите економски техничар и техничар за е-трговија и дигитален маркетинг преку низа работилници и

Читај повеќе