Светскиот ден за безбеден интернет, кој се одбележува на 10 февруари, има за цел подигнување на свеста за безбедно, одговорно и етичко користење на интернетот и дигиталните технологии.Во време кога интернетот е нераскинлив дел од секојдневието на децата и младите, особено е значајно да се поттикнува дигитална писменост, заштита на личните податоци и препознавање на потенцијалните ризици во онлајн просторот.
Во училиштето беше реализирано едукативно предавање посветено на безбедното користење на интернетот и дигиталните технологии. Преку интерактивен пристап и активно учество на учениците, предавањето придонесе за развој на свесноста за дигиталната безбедност и зајакнување на нивните вештини за препознавање и справување со ризиците во онлајн средината.
Предавањето го одржаа професорката по информатика Жаклина Милеска и педагогот Андријана Паскали, кои преку јасни и практични примери ги запознаа учениците со можните опасности на интернет, како што се злоупотреба на лични податоци, сајбер-насилство, несоодветна онлајн комуникација, како и со значењето на навремената психолошка поддршка и помош во случаи на онлајн злоупотреба. Со ваквите едукативни активности, училиштето активно придонесува кон подигнување на свеста за значењето на безбедното користење на интернетот и развојот на дигитална писменост кај учениците.
Интерактивна презентација за ученици







