На 4 фебруари секоја година се одбележува Светскиот ден за борба против ракот. Ова е многу важна прилика за подигање на свеста за значењето на превенцијата, раната дијагноза и третманот на рак, како и да се изрази поддршка кон оние кои се соочуваат со оваа подмолна болест. Учениците од нашето училиште се приклучија во одбележувањето на овој ден со повеќе активности. Изработија и поделија флаери на граѓаните на Охрид и одржаа презентација пред своите соученици во која беа наведени факторите на ризик,можностите за превенција,значењето на раната детекција на оваа болест.Со подигање на писменоста и разбирањето за ракот, го намалуваме стравот, го зголемуваме разбирањето, ги отфрламе митовите и заблудите и ги менуваме однесувањата и ставовите.





