СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Работилница ,,САМОДОВЕРБА”

СОСУ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - ОХРИД > Работилница ,,САМОДОВЕРБА”

Во воведниот дел на работилницата на учениците им се поделија ливчиња со недовршени
реченици и добија задача да ги довршат истите ,да ги прочитаат и да се изјаснат како се
чувствуваат во врска со речениците.Потоа се поведе дискусија за разбирањето на поимот
самодоверба, на што влијае таа, како се однесуваат познати личности што зрачат со
самодоверба, што би можеле да научат од нив.
Потоа се водеше дискусија како секој од учениците си ја оценува сопствената
самодоверба,дали и другите ја оценуваат на ист начин, дали се споредуваат со други
врсници или познати личности и сл.
Ги потикнавме учениците да зборуваат за физичкиот изглед на обичните луѓе и да
нацртаат совршен лик на хартија.Му беше поставено прашањето како социјалните мрежи
и медиумите влијаат на начинот на кој ги гледаме луѓето и што може да се направи за да се
смени тоа.
На крај учениците беа прашани како се чувствуваа во текот на работилницата и истите
пројавија желба за реализација во најскоро време на уште една работилница.
Стручна служба

Споделете ја објавата:

Слични објави

Еко Базар

На 5ти април на плоштадот “Крушевска република” со креативност учествуваме на Еко Базар кој е дел од проектот Граѓанското опшество и младите за инклузивен и одржлив развој преку

Читај повеќе