СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Програма за трка „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани“

СОСУ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - ОХРИД > Програма за трка „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани“

Ве информираме дека на ден 07.05.2025 во 12 часот СОСУ “Св.Кирил и
Методиј”-Охрид во соработка со ЈП “Билјанини извори”-Охрид организира
хуманитарна трка “Од срце трчај со срце дарувај за Кочани”.
Трката ќе се одвива на потегот од почетокот на кејот пред ,,Харбор’’ до „Куба
Либре“, со должина од 3 км. Средствата ќе бидат наменети за семејствата на
жртвите од пожарот во Кочани. Трката ќе биде во категории ученици, наставници
и родители.
Програмата ќе започне во 11.00 часот со кратка програма и загревање на
учесниците. Кутии за донации ќе бидат поставени во должина на Кејот
Македонија.
Ги покануваме заинтересираните да се пријават БЕСПЛАТНО на следниот линк

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeCQgmy_etwTYmuu9UxVMnyRJ6qoytzo
Cpw72D-nml0Txp28A/viewform?usp=header

Или во просториите на училиштето.

Подигнување на стартни броеви на ден 5.5.2025 и 6.5.2025 год. од 8.00 часот
до 17.00 часот во училишниот двор на СОСУ,,Св.Кирил и Методиј“ Охрид.

Споделете ја објавата:

Слични објави