СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Отворен ден и саем на компании

Отворен ден на училиштето исполнет со многу креативност и енергија.

Нашите економисти ги претставија профилите економски техничар и техничар за е-трговија и дигитален маркетинг преку низа работилници и квизови, пораки и уметнички изразувања.

Од „Сметководство и вештачка интелигенција – еволуција на сметководството“ до „Процент плус“ и „Платен промет во земјата и употреба на платни инструменти“, потоа ,, Кој сака да биде економист“, ,, Крати, сечи, лепи“ и ,, Светското наследство во рацете на маладите“, учениците покажаа како знаењето може да биде и забавно и применливо.

,, Сметководството и вештачката интелегенција – еволуција на сметководството“ – преку атрактивен уметнички израз – сликање на платно, каде традиционалните бројки се трансформираат во дигитални решенија, односно трансформација на традиционалното сметководство во современо со примена на AI, со што учениците испратија порака дека сметководството не е ,,досадно“ и го прикажаа како модерна професија – професија на иднината.

,,Процент плус“ – преку сложување сложувалки на прашања од статистиката, банкарското работење, претставуваше забавен предизик за учесниците.

,,Платен промет во земјата и употреба на платни иструменти“- им овозможи на учениците да се запознаат со практичните текови на финасиските трансакции.

,, Кој сака да биде економист“ – интересен квиз за идните средношколци да ги покажат своите економски познавање, а преку сложувалки со економски мотиви да ја развијат својата креативност.

,, Крати, сечи, лепи“ – учениците од е-трговија и дигитален маркетинг ја покажаа својата креативност и тимска работа.

,, Светско наследство во рацете на младите“ – едукативна, уметничка работилница која ги поврзува младитe со културното наследство. Со сликање на платно на Патримонито кој го претставува младиот чувар на светското наследство и Охридонито – локален јунак на младите од Охрид, создаден од учениците на клас I 3 при СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, како симбол на младата генерација да го чува и заштитува богатството на својот град.

Одлична презентација на профилот медицинска сестра од страна на учениците и професорите.

На отворениот ден во нашето училиште имавме можност преку интересни и едукативни активности да го доближиме светот на медицината до посетителите.

Презентиравме демонстрација на аплицирање терапија венски и мускулно, а преку проектот за шеќер во омилените пијалоци и храна покажавме колку е важна здравата и правилна исхрана, како и да дознаат повеќе преку „Митови и вистини за медицината“.

Горди сме што преку знаење, практика и едукација ја претставивме хуманоста и убавината на медицинската професија.

На настанот присуствуваа и претставници од институции и претпријатија од реалниот сектор, до кои упатуваме голема благодарност за поддршката која ја изразуваат.

Благодарност до сите учесници на настанот, учениците и професорите, како и сите вработени.

Идни средношколци ве очекуваме! Станете дел од нашето училиште и изберете професија што води кон сигурна иднина

Споделете ја објавата:

Слични објави

Отворен ден и саем на компании

Почитувани ученици, родители, партнери и пријатели, Со големо задоволство ве покануваме на Отворениот ден на нашето училиште и саемот на компании. Настанот претставува одлична можност посетителите да се

Читај повеќе