На 50-от, јубилеен општински натпревар по прва помош, кој во организација на Црвен крст Охрид се одржа во Охрид, учениците од основните и средните училишта од Охрид и Дебарца организирани во категории подмладок и младина се натпреваруваа во укажување прва помош. 13 екипи со преку 150 млади на 6 пунктови низ градот ги презентираа стекнатите знаења, вештини и техники за укажување прва помош.Во категоријата младина првото место и правото на учество на Регионалниот натпревар по прва помош, го освои екипата на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“-медицинска паралелка.Честитки за нашите ученици и им посакуваме успех на Регионалниот натпревар по прва помош.
СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ ве поканува на хуманитарна забава за нашата Бојана
Почитувани сограѓани, Во животот понекогаш сите ние се соочуваме со предизвици, но токму во тие моменти, силата на заедништвото и љубовта се најважни. Оваа забава е посветена на