СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Од срце трчај со срце дарувај за Ева

Денес, и покрај дождливото време, уште еднаш покажавме дека кога срцата се обединети – нема пречки што можат да нѐ запрат. Хуманитарната трка „Од срце трчај – со срце дарувај за Ева“ се одржа во прекрасна атмосфера исполнета со хуманост, солидарност и позитивна енергија.

Голем број учесници, граѓани, поддржувачи, волонтери, наставници,ученици и родители излегоа на патеката со една заедничка цел – да помогнат и да испратат порака дека Ева не е сама. Иако дождот не престануваше, насмевките, аплаузите и желбата за помош беа посилни од секоја капка дожд.

Оваа трка не беше само спортски настан, туку доказ дека човечноста, љубовта и заедништвото имаат огромна сила. Секој истрчан чекор денес значеше надеж, поддршка и вера во подобро утре за Ева.

Во продолжение можете да ја погледнете фото-галеријата од денешната хуманитарна трка.Секој момент забележан низ фотографиите сведочи за заедништвото, солидарноста и љубовта што денес се чувствуваше на секој чекор од патеката. Благодарност до сите што беа дел од оваа прекрасна хумана приказна и помогнаа трката да биде успешна и незаборавна.

Благодарение на вас, денес победивме сите – со срце.

„Од срце трчај – со срце дарувај“ уште еднаш покажа дека најголемите победи се оние што се освојуваат со хуманост.

Хуманитарна трка фотографии

Споделете ја објавата:

Слични објави

Трето место на натпреварот „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“

Нашето училиште освои трето место на националниот натпревар „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“.Наградениот проект беше оценет меѓу најдобрите пристигнати трудови од стручните училишта низ државата.

Читај повеќе

Вози велосипед уживај и промовирај

Благодарност до сите учесници, волонтери и љубители на урбаниот велосипедизам. Нека урбаниот велосипедизам и иновативниот маркетинг нè зближуваат уште многу години.Во прилог е додадено видео од настанот, кое

Читај повеќе