Инструкции за уписот за прв циклус 2024/2025 во однос на системот за упис:
Постапка за електронско аплицирање за запишување на ученици во прва година:
Кликнете на линкот кој води до онлајн апликацијата https://e-uslugi.mon.gov.mk ,
Пополнете ги потребните податоци и прикачете ги потребните документи,
Притиснете АПЛИЦИРАЈ.
Отпечатете ја потврдата која треба да ја приложите во училиштето заедно со потребните документи.
Секој ученик се најавува исклучиво со сопствената корисничка сметка на schools.mk.
За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот e отворен од 16 јуни 2024 година oд 10.00 часот, за да можат пред и на време да ја подготвата својата апликација. Официјалниот упис трае од 20-25 јуни како што е опишано во Конкурсот.
Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 25 јуни 2024 година најдоцна до 15.00 часот, после што системот ќе биде затворен за онлајн аплицирање од ученици.
Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 20 и 24 јуни од 07.00 часот до 17.00 часот и на 25 јуни 2024 година од 07.00 до 15.00 часот.
Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, училиштето ќе ја објави на 26 јуни 2024 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето.
Ви посaкуваме успешни уписи!