На 18.11.2024 со учениците од I2 паралелка беше реализирана работилница “Справување со лутина”.
Целта на работилницата беше зголемување на свесноста на учениците за чувството на лутина, усвојување
на стратегии за справување со лутина.
На часот се разговараше со учениците дека лутината, фрустрацијата и вознемиреноста се состојби кои се
често присутни кај учениците на нивна возраст,и важно е да не се игнорираат тие состојби.Потоа учениците
прават листа на чувства кои ги чувствуваат кога се вознемирени.Потоа се води разговор како се чувствувале
пред да се смират, а потоа откако се смириле. Заедно со учениците се разработуваат идеи кои може да се применат за да останат смирени.
Реализатори
Стручна служба