СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Светскиот ден за борба против ракот

СОСУ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - ОХРИД > Светскиот ден за борба против ракот

На 4 фебруари секоја година се одбележува Светскиот ден за борба против ракот. Ова е многу важна прилика за подигање на свеста за значењето на превенцијата, раната дијагноза и третманот на рак, како и да се изрази поддршка кон оние кои се соочуваат со оваа подмолна болест. Учениците од нашето училиште се приклучија во одбележувањето на овој ден со повеќе активности. Изработија и поделија флаери на граѓаните на Охрид и одржаа презентација пред своите соученици во која беа наведени факторите на ризик,можностите за превенција,значењето на раната детекција на оваа болест.Со подигање на писменоста и разбирањето за ракот, го намалуваме стравот, го зголемуваме разбирањето, ги отфрламе митовите и заблудите и ги менуваме однесувањата и ставовите.

Споделете ја објавата:

Слични објави

Македонската берза и ние

На 21 февруари 2025 г.со нашите ученици економисти се реализира проектот Македонската берза и ние, уште една успешна работна посета од низата посети на нашите најзначајни државни институции

Читај повеќе