СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Во изминатиот период се спроведоа младински акции низ неколку градови низ државата,
меѓу кои и Охрид.
Целта на младинската акција во Охрид беше зголемување на свеста на младите кон
лицата со попреченост и нивна инклузија без предрасуди во секојдневниот живот.Следеа
низа заеднички активности каде се дружевме и дискутиравме, а како краен производ на
акцијата подготвивме соба за инклузија, под водство на стручен тим составен од психолог,
дефектолог и педагог.Просторијата беше опремена со елементи што ќе бидат корисни за
создавање комфорно катче за сите.Младинската акција се одржа во рамки на
регионалниот проект “Млади за инклузија, еднаквост и доверба” финансиран од Фондот
на Обединатите нации за градење мир што го спроведуваат УНФПА, УНДП, УНЕСКО и
UNWOMEN.

Споделете ја објавата:

Слични објави

Трето место на натпреварот „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“

Нашето училиште освои трето место на националниот натпревар „Нашите зелени приказни во стручното образование и обука“.Наградениот проект беше оценет меѓу најдобрите пристигнати трудови од стручните училишта низ државата.

Читај повеќе

Вози велосипед уживај и промовирај

Благодарност до сите учесници, волонтери и љубители на урбаниот велосипедизам. Нека урбаниот велосипедизам и иновативниот маркетинг нè зближуваат уште многу години.Во прилог е додадено видео од настанот, кое

Читај повеќе