СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Ментално здравје – Самодоверба

СОСУ „СВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - ОХРИД > Ментално здравје – Самодоверба

На 12.03.2025 со учениците од III и IV година беше одржана работилница од
циклусот работилници за Ментално здравје на тема Самодоверба.
Самодовербата е перцепцијата која ја имаме за себе и која е поврзана со себе-
евалуација.Значајно е да ја развиеме на начин што ќе биде најблиску до она
што е реално и позитивно.Овој начин ни дозволува да ги откриеме нашите
лични капацитети за да ги увидиме и користиме на соодветен начин, но исто
така и да ги откриеме нашите слаби страни, да ги прифатиме и да ги
подобриме во рамки на можностите.
Работилницата се реализира преку интерактивни активности каде учениците
се запознаа со тоа што значи зборот самодоверба, потоа се водеше дискусија
за оценување на сопствената самодоверба пр.доволна/недоволна, како
другите ја оценувааат нивната самодоверба итн.

Споделете ја објавата:

Слични објави

Еко Базар

На 5ти април на плоштадот “Крушевска република” со креативност учествуваме на Еко Базар кој е дел од проектот Граѓанското опшество и младите за инклузивен и одржлив развој преку

Читај повеќе