СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид

Ментално здравје – Самодоверба

На 12.03.2025 со учениците од III и IV година беше одржана работилница од
циклусот работилници за Ментално здравје на тема Самодоверба.
Самодовербата е перцепцијата која ја имаме за себе и која е поврзана со себе-
евалуација.Значајно е да ја развиеме на начин што ќе биде најблиску до она
што е реално и позитивно.Овој начин ни дозволува да ги откриеме нашите
лични капацитети за да ги увидиме и користиме на соодветен начин, но исто
така и да ги откриеме нашите слаби страни, да ги прифатиме и да ги
подобриме во рамки на можностите.
Работилницата се реализира преку интерактивни активности каде учениците
се запознаа со тоа што значи зборот самодоверба, потоа се водеше дискусија
за оценување на сопствената самодоверба пр.доволна/недоволна, како
другите ја оценувааат нивната самодоверба итн.

Споделете ја објавата:

Слични објави

Сестринството во фокусот: Од невидливи до неоходни партнери во здравствените реформи

Учениците од здравствена струка од нашето училиште присуствуваа на XXI-от национален симпозиум со регионално учество на тема: ,,Сестринството во фокусот: Од невидливи до неоходни партнери во здравствените реформи”.

Читај повеќе